македонски – Makedonska
Дали живеете во врска во која што се плашите или сте изложени на насилство?
Дали чувствувате дека ви треба поддршка и некој со кого сакате да разговарате за вашата ситуација?
ПОМОШ ЗА ЖЕНИ ВО ÖSTERÅKER телефон 08-540 600 16
Работиме по принципот на доверливост и сите совети се бесплатни
Им се обраќаме на жените кои што биле жртви на насилство во интимните односи
• Физичко насилство во која било форма
• Психичко насилство и угнетување
• Сексуално насилство и принуда
• Економско насилство
• Материјално насилство
• Насилство и угнетување поврзано со чест
• Занемарување
• Изолација
Заканувањето некому или изложувањето некого на насилство е забрането според шведскиот закон
ВИЕ никогаш не сте виновни за насилството што го доживувате
Можете да добиете помош и поддршка за да ја промените вашата ситуација
Ние нудиме:
• Телефонска поддршка или поддршка за време на посета
• Заштитено сместување за жени и деца
• Поддршка во контакт со властите како што се полицијата, социјалните служби и здравствената заштита
• Поддршка од страна на адвокат и во текот на судењето
• Можеме да ве информираме за вашите права
• Анонимност и без регистрација
Доколку е потребно, контактирајте не:
08-54060016 секој ден 8-22 часот
Електронска пошта: info@kvinnojoureniosteraker.se
Работиме да се спротивставиме на сите форми на физичко и психичко насилство против жените и децата во блиските односи
Ние сме непартиско и верски необврзано непрофитно здружение
Ние сме членови на Unizon, националната организација за итни служби за жени и девојки во Шведска